Американскиот магазин „Travel + Leisure“ го прогласи ова село за најубаво на светот

Точка

30/03/2023

20:33

10.991

Големина на фонт

а а а

Американскиот туристички магазин „Travel + Leisure“ го прогласи малото живописно село Горд во Франција за најубаво на светот.

Малото место со помалку од 2000 жители, кое е сместено на врв на карпа, на надморска височина од 340 метри, секоја година привлекува голем број посетители од целиот свет.

Средновековното село се истакнува со својата безвременска убавина и културното богатство. Поради својата убавина, Горд е честа локација за снимање филмови и ТВ емисии.

Историјата на Горд датира уште од римското доба, но во текот на средниот век го попримил својот денешен изглед – тесни улици и премини, средновековен замок од кој се пружа поглед кон долината и камени куќи. Замокот бил изграден во 11-от век, а со текот на годините бил проширен и обновен. Изгледа импресивно, а од неговите кули и бедеми се пружа неверојатен поглед.

Во Горд се наоѓаат и неколку музеи, од кои најпознати се „Moulin des Bouillons“ кој ја следи историјата на руралниот живот во Прованс, и „Pol Mara“ кој е посветен на уметникот кој живеел токму во ова село. Љубителите на уметноста можат да посетат и уметнички галерии и занаетчиски работилници, како галеријата на уметницата Јохана Спинела. Во Горд често се одржуваат фестивали и разни настани во текот на годината, а најпознат е Фестивалот на тартуфите во февруари.

Селото со текот на времето напредувало поради земјоделството. Секој турист треба да го посети пазарот кој се одржува секој вторник наутро. Таму можат да се пробаат и купат локални производи, ракотворби и сувенири. Горд е особено познат по производството на керамика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг