Туристите наброија градови кои никогаш повторно не би ги посетиле – на листата се најде и град од Македонија

Точка

31/03/2023

00:07

20.410

Големина на фонт

а а а

„Кој град повеќе не сакате да го посетите и зошто?“, гласело прашањето кое го поставил некој корисник на „Reddit“, а на листата се нашле многу градови од нашето опкружување.

Туристите наброиле места ширум светот кои на нив не оставиле впечаток и во кои немаат намера да се вратат повторно. На листата се најдоа градови како Каиро, Париз, Мајами и многу други.

Интересно е тоа што на листата се нашол и Дубровник. Имено, корисникот на форумот го навел овој град, но не ги навел причините зошто не сака да се врати таму.

Освен Дубровник, на листата се најдоа и Подгорица, Будимпешта и наше Скопје.


„Можеби во Подгорица ќе најдете многу активности за еден ден. Не можам да му замерам на ноќниот живот. Сè тоа е сепак малку здодевно“, напишал некој.

„Во Будимпешта архитектурата е прилично „кул“, па не ми е жал што ја посетив. Градот изгледаше тажно. Бев таму на одмор, па можеби и поради тоа, но поголем дел од жителите изгледаа како одвај да преживуваат, а економската ситуација не оди на подобро. Исто така не сум обожавател на нивната моментална влада“, напишал некој корисник.


Друг корисник објаснил зошто повеќе не сака да се враќа во Скопје.

„Стотици споменици расфрлани без никаква естетска смисла, многу е загадено затоа што градот е во котлина и фактот дека купиле двокатни автобуси...“.

Братислава, Каиро, Париз

„Братислава. Бев таму двапати и бев соочен со многу расизам. Вториот пат добил закана за смрт по 15 минути од слетувањето“.


„Париз. Некој ме плукна и ме нарече валкан Евреин. Добив многу злобни погледи постојано додека бев таму. Никогаш повеќе нема да го посетам Париз“.

„Каиро. Таму видов сè што сакав, но никогаш не би се вратил. Оние кои се занимаваат со туризам туристите таму ги третираат како стока, тоа е голем срам за многуте добри Египќани кои живеат во градот“.


Во кој град вие никогаш повеќе не би се вратиле?




Спонзорирани линкови

Маркетинг