Легендарниот „Mercedes 230 SL“ слави 60-ти роденден

Точка

27/03/2023

16:12

10.450

Големина на фонт

а а а

„W113“ „Pagoda“ бил пресвртница за „Mercedes-Benz“ во поглед на безбедноста.

Наследникот на легендарните „300 SL“ и „190 SL“ е претставен во март 1963-та година.

Станува збор за модел кој ја продолжил традицијата за спортски автомобили на „Mercedes“ и направил пат за серијата „W113“, која траела до 1971-ва година. Иако базиран на своите претходници, бил многу значаен модел, посебно во безбедносна смисла.


Развиен на 30 цм скратена основа на моделот „W111“, имал дополнително засилена конструкција, а бил и првиот спортски автомобил со јасно дефинирана патничка кабина, со одвоени зони на деформации напред и зад патничкиот простор.

„W113“ позади имал диск-сопирачки од 1967-ма година и бил единствен спортски автомобил од 60-тите со суспензија наместена доволно комфорно за да го засакаат возачите ширум светот.


Двоседот „230 SL“ го дизајнирал Фридрих Гајгер, додека за закривениот кров се погрижил Пол Брак. Токму кровот е „виновен“ за прекарот „Pagoda“, според кој и денес е познат овој автомобил.

Произведени со вкупно 48.912 примероци од „230 SL“, а во тој период нудени се три мотори.


Најуспешен бил „Mercedes 280 SL“ кој имал шестцилиндарски „M130“ од 2,8 литри, со 170 коњски сили. Овој автомобил забрзувал до 100 км/ч за 9 секунди и развивал во 200 км/ч.

Да ги спомнеме и успесите во мото-спортот, посебно релито „Спа-Софија-Лиеж“ од 5.000 километри, кој во 1964-та го освоиле Јуџин Бохрингер и Клаус Каисе, а една година подоцна биле трети.


„Model 230 SL“ денес се смета прав класик на „Mercedes“. Одлично сочуваните примероци достигнуваат цена од 128.000 евра, односно 156.000 евра за „280 SL“.