Синот на милијардерот се разведува од богатата сопруга – се подготвува историски развод

Точка

24/03/2023

13:40

7.645

Големина на фонт

а а а

Во Обединетото Кралство треба да се случи развод кој ќе влезе во историјата поради тоа што и двајцата сопружници се членови на богати семејства.

Британскиот политичар Зек Голдсмит, синот на милијардерот Џејмс Голдсмит се разведува после 10 години брак, е веста која одекна во светот.

Тоа што овој развод го доведува до епски размери е тоа што неговата сопруга исто така е член на едно богато семејство – Алис Ротшилд од познатата британска династија која датира од времето додека Австрија била царство, на почеток на 19 век.

Зек има и титула на барон, а воедно е и министер во Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој. Мис Алис, како што ја нарекува неговата наскоро поранешна сопруга и Зек во текот на 10-годишниот брак добиле три деца.

Како што навеле, тие се трудат нивните деца Доли и Еди, како и синот Макс продолжуваат да растат во најдобри можни услови. Пријателите на парот во јавноста потврдиле дека трета личност не е виновна за разводот.

„Алис и Зак донеле тешка одлука да се разведат. Тоа го направија на пријателски начин и предадени се на заедничкото одгледување на трите деца, во среќно и здраво опкружување“, соопштиле нивните портпароли.

Љубовната приказна на овој пар ја следи едно интересно интро. Зек пред Алис бил во брак, само со Шехерезад Бентли. Таа била ќерка на актерката Вивијан Вентуре и богаташот Џон Бентли.

Дали е случајност или не, но и со неа бил 10 години во брак и со неа има три деца.

Меѓутоа, неговата врска со Алис почнала додека бил сè уште во брак со Шехерезада. Зек тоа јавно го признал и поради тоа долго бил мета на таблоиди.

Што се однесува до разводот за него не е виновна трета личност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг