Еден автомобилски ентузијаст од Русија направил веројатно една од најрадикалните доработки во историјата на некое возило – модерни компоненти од ентериерот на „Мерцедес“ вградил во „Лада 2107“.
Наизглед неспојливо – стара „Лада“, стар дизајн, никаде заоблени елементи, како од внатре и така и надвор, но модерната централна конзола на „Мерцедес“ сепак е совршена спакувана.
Судејќи според видеото објавено на „Youtube“, овој потфат успеал во целост, се функционира, од командниот систем до LED декоративните светла … Тука е и новата инструмент табла и големиот екран, веројатно чувствителен на допир.
Додадени се и седиштата на „Мерцедес“, предните со потпирач за глава, за целосен комфор и добро држење на кривини.
Сепак, таму каде што во „Мерцедесот“ оригинално се сместени држачите за чаши, „штрчи“ менувачот на „Лада“, нема автоматик, па се претпоставува дека преносот и моторот останале исти, или евентуално се доработени, но без влијаени на „Мерцедес“.
Во секој случај, овој труд заслужува почит.