4 (големи) причини поради кои треба да јадете власец

Точка

09/03/2023

15:05

7.030

Големина на фонт

а а а

Власецот е растение кое потекнува од Европа, Северна Америка и делови од Азија, но денес е многу застапен во целиот свет, бидејќи стана популарен додаток на многу јадења.

Овој вкусен и нежен зеленчук е богат со вредни хранливи материи и ни нуди бројни здравствени придобивки, а ние одбравме четири за вас.

1. Може да го подобри здравјето на срцето

Едно од најважните органски соединенија кои се наоѓаат во власецот е алицин, кој е поврзан со намаленото ниво на „лошиот“ холестерол во телото и подобрување на здравјето на срцето. Алицинот е поврзан и со намалување на крвниот притисок.

Друго органско соединение кое може да се најде во власецот е кверцетинот, а тој е директно поврзан со намалувањето на нивото на холестерол и наслагите во артериите.


2. Го зајакнува имунитетот

Високото ниво на витамин Ц во власецот може да помогне во зајакнувањето на ефикасноста на имунолошкиот систем преку стимулирање на производството на бели крвни зрнца. Исто така, го стимулира производството на колаген, кој е суштинска компонента во создавањето на нови крвни садови, клетки, ткива и мускули.

3. Влијае на коските

Има широк спектар на витамини и минерали кои се наоѓаат во власецот, но еден од најважните секако е витаминот К, задолжителен во исхраната, кој не е толку распространет во вообичаената храна. Витаминот К е многу важен за одржување на коскената минерална густина и интегритетот на коските.

Високите нивоа на витамин К, како она што се наоѓа во власецот, можат да помогнат во производството на остеокалцин, кој е клучен дел за одржување на минералната густина на коските.


4. Одличен е за детоксикација

Власецот има благи диуретични својства и во комбинација со други карактеристики поврзани со неутрализација на слободните радикали и антибактериски својства, тој е одличен природен начин за детоксикација на организмот.

Стимулирајќи го мокрењето, власецот може да му помогне на телото да ги исфрли вишокот токсини, сол, вода, па дури и масти – што се рефлектира во подоброто функционирање на сите органски системи, пишува „Organicfacts“.