[ФОТО] Кејт Мидлтон го маѓепса Лондон: Во бело издание изгледала како олицетворение на кралската елеганција

Точка

17/06/2025

09:05

1.253

Големина на фонт

а а а

Сите гледале во неа и тоа не без причина, а многу од дамите се согласни дека таа уште еднаш објаснила како треба да изгледа идната кралица.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се појавила во Виндзор на свечена церемонија и уште еднаш го потврдила статусот на модна икона на британското кралско семејство.

Долго не сме ја виделе на ваков важен настан, но вредело да се чека за нејзиното враќање зошто таа зрачела со самодоверба, достоинство и неверојатен стил.


Традиционалната манифестација која ги собира најугледните членови на кралското семејство и високо ценети личности, за Кејт има посебно емотивно значење, токму на тој настан првпат се појавила како девојка на принцот Вилијам. Денес, како принцеза од Велс го зазела централното место во вниманието кај јавноста.

За оваа прилика Кејт носела елегантен бел комплет од модната куќа „Self Portrait“, па нејзините модни следбеници велат дека изгледала неверојатно. Кога таа ја рециклира облеката, тоа не изгледа како повторување туку како свесна модна одлука на жена која знае што најдобро ѝ стои.


Комбинацијата ја заокружила со шешир од продавницата на познатиот британски дизајнер Шон Барет којшто на целокупниот изглед му дава доза на гламур и елеганција.

Во текот на церемонијата Кејт не ги криела емоциите, насмевките и погледите кои ги разменувале со принцот Вилијам дополнително го разубавиле свечениот момент.

Вилијам и кралот Чарлс носеле традиционална облека за таквите церемонии, а друштво им правела и кралицата Камила.


Покрај Кејт, внимание привлекла и Софи, војвотката од Единбург, која блескала во портокалов фустан и со стилот ја надополнила целосната слика на едно вистинско кралско семејство.

По тешкиот период и пауза од закрепнувањето, Кејт се врати, достоинствено, нежно и моќно, онака како што само таа умее.