[ВИДЕО] Германци платиле 2.000 евра за апартман на Јадранот, а добиле „кошмар“

Точка

17/06/2025

20:19

1.710

Големина на фонт

а а а

Германската тиктокерка која објавува под профилот „@nitaxbru“ пред два дена сподели како одморот на Јадранското Море им се претворил во кошмар откако таа и нејзиниот сопруг пристигнале во апартманот што го изнајмиле за 2.000 евра преку „Airbnb“.

„Заминавме по четири часа“

„Резервиравме луксузен Airbnb со базен за 2.000 евра… еве што добивме …“, напиша таа во видео на кое покажува како базенот бил валкан и полн со зелена вода, а тиктокерката го спореди со мочуриште.


На почетокот од видеото, таа покажа фотографии од сместувањето и околината објавени на „Airbnb“, но реалноста била поинаква. Дворот бил обраснат, трамболината била во лоша состојба, а таванот на станот се уривал. Вратата едвај можела да се отклучи, а кујната била во лоша состојба.

„Ова требаше да биде релаксирачки одмор … Дали би престојувале тука?“ ги запраша своите следбеници на крајот од видеото, додавајќи дека заминале четири часа откако пристигнале. Иако не ја прецизирала точната локација, следбениците заклучиле во коментарите дека се работело за Хрватска бидејќи во видеото забележале гајба пиво од хрватски бренд.

„Нивото на „луксуз“ во Хрватска е смешно“

„Хрватска?! Секако дека е лошо, подобро да изберете Шпанија, Грција, Турција или која било друга земја во Европа. Нивото на „луксуз“ во Хрватска е смешно затоа што не реновирале ништо од 80-тите, а цените се уште посмешни“, коментираше еден тиктокерка, додека други ја прашаа Германка дали ги прочитале рецензиите пред да резервираат.


„Јас сум од Хрватска и дури ни ние веќе не одиме на одмор во нашата земја. Само ако имате куќа или стан на брегот и не мора да плаќате за тоа“, „Хрватка овде. Ве молам прескокнете ја Хрватска. Не се исплаќа … премногу е скапо. Хрватите одат на одмор на места како Грција, Тунис или Албанија!“, беа само дел од коментарите под видеото.