Две фудбалерки на Јувентус на Денот на вљубените открија дека се во врска

Точка

14/02/2023

21:20

3.101

Големина на фонт

а а а

По чешкиот фудбалер Јакуб Јанкт, во светот на фудбалот пристигнува уште еден „каминг аут“.

На Денот на вљубените, фудбалерките на Јувентус, Линда Сембрант (35) и Лиза Боатин (25) открија дека се во емотивна врска.


Тие двет зборувале на кампањата „Приказни за голема љубов“, организирана од клубот за да разговараат за односите во „светот на Јувентус“.

Во видео објавено на социјалните мрежи на Јувентус, Швеѓанката Сембрант и Италијанката Боатин ја раскажаа својата приказна.


„Нашата врска започна благодарение на Јувентус. Се запознавме благодарение на фудбалот. Јуве е посебен бидејќи ни овозможи да се запознаеме. Мислиме дека секој треба да се чувствува слободен да биде тоа што е“, рекоа меѓу другото.

За потсетување, вчера Чехот Јакуб Јанкто, фудбалер на Хетафе кој моментално е на позајмица во Спарта од Прага, призна дека е геј и ја шокираше спортската јавност.