Конте: Фудбалот се промени, дури и тренер како Гвардиола почна да игра на резултат!

Дерби

23/09/2025

08:14

290

Големина на фонт

а а а

Наполи многу потешко од очекувањата освои три бода против Пиза и во финишот од мечот стравуваше за победа, од едноставна причина што гостите тргнаа со сите сили во напад откако постигнаа гол за 3:2.

Тимот на Џилардино беше блиску до израмнување и можеше да режира сензација на Пиза, а бидејќи Наполи не одигра доволно убедливо за свои стандарди, Антонио Конте уште еднаш нагласи дека неговиот нов тим допрва ќе се адаптира на новата реалност.

За разлика од лани, Наполи сега ќе игра фудбал речиси на секои три дена, па по големиот напор во Лигата на шампиони, за Конте очекувано е да има натпревари како овој со Пиза.

– Ние променивме девет фудбалери, донесовме многу нови играчи, но тоа не значи автоматски дека сме одработите добар трансфер пазар. Времето ќе покаже дали сме постапиле добро. Само искуството ќе не води напред, можеме да стекнеме искуство само со повеќе натпревари. Ова ќе биде најкомплицирана сезона за нас, донесовме девет нови фудбалери, има големи очекувања, но мора да се прифатат и грешките кои ќе ги правиме на нашиот пат.

– Други клубови се навикнати систематски да бидат дел од Европа, а ова е ново за нас. Играњето на секои три или четири дена носи физички и ментале стрес, а дел од моите фудбалери се уште не се навикнати на тоа. Ќе се обидеме да созрееме што побрзо и да се навикнеме на таквото темпо, – изјави Конте, кој во својата анализа, нагласи дека веќе ниту еден тим не може да доминира како порано.

– Има разни варијации во текот на еден меч. Понекогаш треба да вршите пресинг, потоа да бидеме во среден блок, а некогаш да креирате и од задната линија. Фудбалот се менува, полека гледам дека сите тимови сфатија дека мора се бранат. Манчестер Сити веќе не доминира со посед како што беше порано, сега секој тим ви врши висок пресинг и игра агресивно, не се чека само на контра напади. Дури и тренер како Пеп Гвардиола почна да брани резултат пред некој ден и прифати да игра дефанзива за да ја оствари посакуваната цел, – изјави Конте.