[ФОТО] Бетис жестоко го истрола Винисиус откако „Златната топка“ замина во рацете на Дембеле

Дерби

23/09/2025

08:12

712

Големина на фонт

а а а

Усман Дембеле имаше сезона од соништата и ги освои сите најважни трофеи како лидер на ПСЖ, па иако главно оружје на „светците“ беше тимската игра, францускиот фудбалер се издвои како најдобар поединец и во очите на најпознатите светски новинари.

„Франс Фудбал“ изминатава вечер ја додели најпрестижната индивидуална награда во Шателе театарот во Париз, па додека цела француска јавност му честите на својот репрезентативец, вестите во Шпанија се малку и саркастични кон еден фудбалер кој овојпат не беше ниту блиску до наградата.

Шпанците мирно го прифатија второто место на Ламин Јамал, свесни дека тој ќе има безброј шанси да ја освои оваа награда, но посебно во фокусот се најде една реакција на Бетис, клуб кој реши да се потсмева со Винисиус Жуниор.

Откако извиси во трката за „Златната топка“ минатата година, Винисиус се охрабри преку социјалните мрежи со самомотивирачка порака, најавувајќи дека светската јавност не е подготвена за уште десет пати подобри изданија од него.

Една година подоцна, Винисиус не заврши ниту во топ 15, а Бетис реши да го истрола такашто ги повтори неговите зборови од лани.

– Ќе го направам десет пати подобро ако е потребно. Не сте подготвени……, – гласи саркастичната порака на Бетис.