Последниот судиски свиреж донесе големи грижи за Ханси Флик и фановите на Барса

Дерби

23/09/2025

08:16

270

Големина на фонт

а а а

Барселона имаше уште една комотна вечер на „Јохан Кројф“ и се навикна на голеади на овој стадион, па откако ги декласираше Комо и Валенсија со 5:0 и 6:0, вчеравечер на овој стадион падна и Хетафе.

Традиционално незгодниот ривал прими три гола од каталонскиот гигант и си замина за Мадрид со пораз од 3:0, па иако каталонците можат да бидат задоволни со уште едно импресивно издание, финишот од мечот донесе и една голема грижа.

Веднаш по последниот судиски свиреж, Фермин Лопез беше уловен како лежи на земја и се жали на силни болки во препоните, а бидејќи станува збор за зона која е крајно специфична, веднаш беше клучен алармот кај медицинскиот тим на Барселона.

Дел од ѕвездите на Барса го тешеа својот соиграч кој беше видно разочаран и загрижен, па јасно е дека Фермин во текот на денешниот ден ќе подлегне на детални медицински прегледи.

– Ситуацијата со Фермин ќе мора да ја проверат лекарите. Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе мине магнетот. Во овој момент не можеме да кажеме ништо поспецифично, – изјави Ханси Флик.