Просечната плата е речиси 5.000 долари: 7 работи што не сте ги знаеле за европското Рио де Жанеиро

Точка

10/02/2023

17:30

21.885

Големина на фонт

а а а

Неговата панорама неодоливо потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Женеиро.

Поради топлите лета привлекува многу познати личности од целиот свет, па затоа ѝ го добил прекарот швајцарски Монте Карло...

1. Лугано е град и општина во јужниот дел на Швајцарија во кантонот Тичино на границата со Италија. Покрај тоа, тој е најголемиот град со мнозинско анселение што зборува италијански надвор од Италија. Во градот живеат околу 63 илјади жители или околу 150.000 со приградските населби. Поради близината до Италија, Лугано има силно италијанско влијание на архитектурата, културата и начинот на живот.


2. Градот лежи на глечерното езеро Лугано, кое се наоѓа на надморска височина од 271 метар во подножјето на Алпите. Езерото има површина од 49 километри квадратни, од кои 31 километар квадратен се во Тичино, а останатите во соседна Ломбардија. Најголемата длабочина на езерото е 288 метри. Водата на езерото во летните месеци се загрева и до 24 Целзиусови степени.


3. Лугано има многу прекари. Неговата панорама неодоливо потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Поради топлите лета, привлекува многу познати личности од целиот свет, па затоа и го добил прекарот швајцарски Монте Карло.


4. Како што доликува на модерно летувалиште, но и град кој е оддалечен само 80 километри од Милано, Лугано е и мека за сите љубители на скапи модни брендови. Овде можете да најдете сè, од облека од Гучи, Прада и Луј Витон до модни додатоци на Ролекс и Патек Филип.


5. Градот е опкружен со планините Бре и Сан Салваторе. До Сан Салваторе се стигнува и со жичница од која можете да уживате во магичниот поглед на Лугано и околината, изградена во далечната 1886 година.


6. Поради своите живописни пејзажи, но и шармантниот центар на стариот град, Лугано се етаблира како популарен туристички град. Од друга страна, ова е трет банкарски центар на Швајцарија, па може да се каже дека Лугано на свој начин ги комбинира швајцарската ефикасност и италијанската (медитеранска) опуштеност.


7. Лугано е исто така многу скапо место за живеење, од перспектива на Македонец со понизок стандард - просечната плата е 4.850 долари. Литар млеко во продавница чини околу 1,5 долар, а половина килограм леб чини 3 долари. За мало пиво од 0,33 литри во кафулињата треба да потрошите околу 5,7 долари, а за евтин оброк во ресторан ќе платите 25 долари.