„BMW“ не се откажува: „Бубрезите“ ќе растат уште повеќе

Точка

07/02/2023

15:19

10.176

Големина на фонт

а а а

Најновите информации сугерираат дека „BMW“ планира дополнително да го нагласи својот препознатлив дизајнерски потпис.

Ако сте помислиле дека „BMW“ веќе ја преувеличил предната маска следи ново изненадување.

Одредени „BMW“ модели веќе имаат осветлена маска, а сега би можеле да добијат и нова верзија каде предната маска е поврзана со главните светла, и тоа не сам во дизајнот.

Имено, светлата и маската би можеле да работат, односно да светат заедно. Ова фаровите и целокупната маска би ги направило единствен склоп.

Во прилог на тоа оди и скицата која „BMW“ веќе ја предал во Светската организација за интелектуален имот (WIPO).


Таквата маска тешко дека ќе ја видиме на моделите со „SUS“ мотори. Бидејќи се работи за целосно затворена површина, јасно е дека маската ја губи функцијата на насочувач на воздухот за ладење, што не им е потребно на електричните автомобили.

Како што открива „Carbuzz“, дневните светла и саата решетка „би работеле заедно“ и би биле на исто ниво, додека панелот со главните фарови би бил вовлечен и скриен кога нема да се користи.

Не е сосема јасно дали тоа би значело дека автомобилот напред би имал само црна непроѕирна површина додека е паркиран, или „екранот“ на маската ќе има можност за нагодување на различни прикази.

Концептот „Vision Dee“, прикажан на овогодишниот „CES“, очигледно е вовед во некоја нова насока на дизајн од страна на „BMW“, кој би можел да вклучи така дигитализирана предна маска со некои дополнителни функции.

Во секој случај, мораме да бидеме трпеливи додека „BMW“ не се осуди пред пошироката јавност да претстави конкретно решение.

Се подразбира дека деновите на препознатливите двојни кружни фарови и дискретни „бубрези“ се далеку зад нас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг