Мисицата смета дека натпреварот бил наместен: „Сите ме избегнуваа бидејќи сум Русинка“

Точка

01/02/2023

10:17

8.741

Големина на фонт

а а а

Мис Русија вели дека натпреварувачките на овогодишниот избор за Мис Универзум ја избегнувале и дека изборот бил наместен.

Минатиот месец во Њу Орлеанс беше одржан 71-от избор за Мис Универзум, а победи Американката Рбони Габријел. Помеѓу натпреварувачките беа и Ана Линикова, Мис Русија, и Викторија Апанасенко, Мис Украина.

„Изборот на полуфиналистките имаше политички контекст“

Русинката вели дека се соочувала со континуирана низа навреди и закани од украински корисници на социјалните мрежи и негативни коментари од познаници од таа земја. Војната не сакала да ја коментира, но вели дека одиграла улога во натпреварот.

„Многумина ме избегнуваа и се држеа настрана од мене кога го открија моето потекло. Девојките од Украина и Швајцарија бегаа од мене како од оган“, изјавила Ана за „Evening Moscow“. Таа додава дека, според неа, „изборот за Мис Универзум имал политички контекст“.


Сакала да воспостави контакт со украинската мисица

Вели дека тоа што не се пласирала во финале на натпреварот нема никаква поврзаност со „квалитетот на нејзиниот настап“. Линикова исто така тврди дека Апанасенко не сакала да разговара со неа, само затоа што е од Русија.

„Се обидов да воспоставам контакт, но сите напори беа залудни. Сите го видеа демонстративното однесување на Викторија – тоа е нејзин избор, а јас не се лутам“, вели Ана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг