Кога Селма Хаек оди на свадба, речиси никој не гледа во невестата: Издание на славната актерка кое со денови нема да може да го заборавите

Точка

30/01/2023

23:01

18.597

Големина на фонт

а а а

Актерката Селма Хаек била гостинка на долгоочекуваната венчавка на славните, па успеала да ги украде сите погледи.

Латиноамериканскиот пејач и актер Марк Ентони (54), на домашната јавност познат како поранешен сопруг на Џенифер Лопез, повторно се венчал.

Марк Ентони по четврти пат изговори „да“, овојпат пред манекенката Надја Фереира, а нивната гламурозна венчавка во Мајами собрала голем број познати лица. Меѓу нив се нашла и мексиканската актерка Селма Хаек, позната по стилот којшто секогаш привлекува внимание, па така било и на оваа свадба.

Таа за оваа прилика избрала да носи светлозелен фустан дизајниран од Џамбатиста Вали од колекцијата која пред неколку денови се прикажала на модната Недела во Париз.

Станува збор за модел во ефектни, пастелни нијанси којшто се шири од колковите и паѓа во слоевит тул, а во прв план е длабокиот изрез којшто ги истакнува градите на актерката.

Тие дополнително биле нагласени поради светкавите детали околу деколтето и под градите, а Селма го заокружила овој стајлинг со сличен накит.

Актерката на Инстаграм споделила една фотографија од прославата и напишала:

„Баш пред да влезам во автомобилот и да одам и да ја прославам љубовта на моите пријатели Марк Ентони и Надја Фереира. Нека живее љубовта и нека живее салсата!“.

Дека на невестата не ѝ пречело што Селм Хаек веројатно била жената која постојано била во центар на внимание, покажува тоа што Надја ја коментирала оваа фотографија.

„Ти благодарам драга Селма. Си поминавме прекрасно“, напишала новата сопруга на Марк Ентони.

Селма припаѓа во жените кои носат облека од најпрестижните светски модни куќи и во соработка со врвни стилисти, а сепак некако успева да биде на листата најлошо облечени.

Некои за тоа го обвинуваат фактот дека таа речиси секогаш има деколте, некои веруваат дека тоа е нејзиниот главен адут и дека не треба да се откажувате од ваквите кроеви, но во секој случај за модните комбинации на актерката секогаш се зборува.

Повеќе нејзини модни комбинации погледнете во продолжение:




Спонзорирани линкови

Маркетинг