(Видео) Ѝ дала околу 6.000 денари да ја избрише шминката пред своето момче: Девојката се согалсила, а кога го покажала природното лице – момчето исчезнало...

Точка

26/01/2023

21:30

40.881

Големина на фонт

а а а

Лупита Анаја е позната инфлуенсерка од Шпанија која ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи, а сега на нејзиниот Фејсбук профил објавила видео кое за кратко време станало вирално.

Лупита одлучила да пронајде девојка која ќе го покаже своето природно лице – пред камерите и своето момче.

Пред некој трговски центар имало пар којшто бил кратко време во врска, односно само неколку седмици, а Лупита на девојката ѝ понудила 2.000 пезоси, околу 6000 денари, за да ја избрише шминката пред своето момче.


Девојката се согласила на овој предизвик, иако момчето претходно ја немало видено без шминка.

Лупита на девојката ѝ дала влажни марамчиња и таа започнала со процесот на бришење на шминката. Прво ја избришала пудрата од образите, а потоа шминката од очите, а кога со марамчето поминала над веѓите – тие исчезнале.

И не само тие, туку и нејзиното момче кое до тогаш стоело покрај неа. После само неколку минути девојката пред камерата останала сама додека мажот едноставно исчезнал.

„Сите сме убави, со шминка или без неа“, напишала Лупита под видеото додека пак бројни корисници се согласиле со неа.

„Вистина. Девојката е баш убава и без шминка. Секако постојат и онакви жени кои повеќе не се исти кога ќе ја избришат шминката, но оваа двојка е речиси иста“, „Лично мислам дека не ѝ треба толку шминка поради тоа што природно е убава. Доколку момчето навистина ја напуштило, можам да кажам дека ѝ направило услуга“, биле само дел од коментарите под видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг