Луѓето масовно доаѓаат тука за да "замрзнат" за 3.145 евра! Со часови седат на минус 20 степени, а се поради една работа

Точка

05/01/2023

23:12

10.220

Големина на фонт

а а а

За време на седењето на мраз во овој шведски град луѓето не смеат да гледаат ниту во телефонот за "побрзо да им минува времето".

"Isstolpsittning" или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина. Ова натпреварување во Шведска се организира во февруари секоја година во рамките на манифестацијата "Vilhelmina Vinter Veekend". Добро обучените натпреварувачи се качуваат на скали до ледениот трон висок околу два и пол метри и седат на него 51 час за да победат. На неколку часа им е дозволено да се симнат на околу 10 минути и да користат тоалет.

Не само што мораат да издржат ниски температури во текот на тешката задача, кои во февруари во Шведска можат да паднат и до минус 20 степени, туку не им е дозволено да гледаат ни во телефонот или сличен електронски уред.

"Isstolpsittning" е физички и ментален предизвик а телото и духот. Најтешкиот дел од натпреварувањето е кога ќе падне мрак, а очите на натпреварувачите почнуваат да се затвораат. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не паднат од ледениот трон и да бидат дисквалификувани. Победник е оној што седи на ледениот трон и по истекот на 51. час и освојува 3.145 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг