(Видео) „Меси, што беше ова?“: Чудниот бакнеж помеѓу фудбалерот и неговата сопруга предизвика бројни духовити коментари

Точка

01/12/2022

16:34

5.429

Големина на фонт

а а а

Асот на ПСЖ и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси, секогаш е интересен за јавноста, но тоа е посебно случај во текот на светските првенства.

Додека трае Мундијалот во Катар, испливаа многу стари снимки и фотографии од аргентинската фудбалска ѕвезда, но не станува збор само за неговите акции од теренот, туку и за една ситуација од приватниот живот.

Имено, на социјалните мрежи овие денови се споделува видео од венчавката на Меси и неговата долгогодишна партнерка Антонела Рокузо, кое трае само неколку секунди, но доволно за да измами многу коментари.

Во моментот кога на спортистот му било кажано да ја бакне невеста, тој го направил тоа на... претерано страсен начин. Меси широко ја отворил устата и прилично диво ја бакнал Антонела, а присутните ги поздравиле со аплауз.

„За момент заборави каде е“, „Меси се обидува да ѝ го издрибла јазикот“, „Тоа се прави во кревет“, „Колку стил има на теренот, толку е сиров надвор од него“, „Меси ја држи оваа девојка во неизвесност, не ѝ дава да го предвиди неговиот следен чекор“, „Се спреми да ѝ направи дете, а потоа се сети каде се наоѓа“, се дел од смешните коментари по повод видеото.

Лионел и Антонела се заедно уште од училишните денови, а се запознале додека тој се дружел со нејзиниот братучед со кој, како што признал подоцна, поминувал многу време само за да може да ја гледа Антонела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг