Ист судија, ист прекршок – Марчинијак го призна голот на Меси, на Алварез го поништи

Макфакс

13/03/2025

14:59

655

Големина на фонт

а а а

Додека ден по натпреварот меѓу Атлетико и Реал Мадрид се води жива дебата за тоа дали голот на Хулијан Алварез бил легален, многумина се сетија на слична ситуација која му се случи на неговиот сонародник Лео Меси.

Славниот Аргентинец постигна гол во пенал рулетот за време на финалето на Светското првенство во Катар против Франција, но исто како и Алварез синоќа против Реал, двапати ја допре топката.

Единствената разлика е во тоа што Меси прво ја шутна топката, па таа удри во другата нога и заврши во мрежата.

Алварез прво ја допре топката со другата нога пред да го изведе ударот, но во двата случаи беше направен прекршок, голот на играчот на Атлетико беше поништен, додека на Меси не.

Она што е всушност најинтересно во оваа приказна е дека судијата и во двата случаи бил Полјакот Симон Марчинијак.

Но, во 2022 година во финалето, Полјакот не доби сигнал од ВАР собата да ја погледне спорната ситуација, па останува прашањето дали воопшто го виделе или не сакале да го видат тој детал.