Сите агли на поништениот пенал на Алварез – Која е вистината?

Точка

13/03/2025

11:28

1.375

Големина на фонт

а а а

Судиите одлучија многу брзо. Добра или лоша одлука?

Се зборува и ќе се зборува за одлуката на арбитрите да го поништат пеналот на Хулијан Алварез против Реал Мадрид, со што „кралскиот клуб“ доби голема предност во серијата, која на крајот ги одведе во четвртфиналето.

Во минатото имало случаи кога играч двапати ја допирал топката при изведување пенал, но ако во тие ситуации тоа било очигледно, вчерашниот момент и неговата деликатност ја прават оваа одлука исклучително контроверзна.

Дали Хулијан Алварез навистина ја допре топката со стоечката нога пред да ја испрати под пречката на голот на Тибо Куртоа?

Аглите на камерите и толкувањата се различни, а фактот дека Симон Марчинјак доби толку брзо информација за спорниот момент ја подели фудбалската јавност.

За детална анализа на потенцијалниот контакт во оваа ситуација потребно е повеќе време.

Според правилата, пенал не може да се повтори доколку е утврдено дека играчот двапати ја допрел топката при изведувањето.