Хјустон успеа да го одбрани домашниот терен и славеше победа над Феникс со резултат 111:104, но вистинска сензација од оваа НБА пресметка е клинчот кој го имаа Стивен Адамс и Мејсон Пламли.
Големите фанови на кошарката оваа сезона изнагледаа разноразни физички пресметки во НБА лигата, меѓутоа оваа меѓу двајцата центри на Рокетси и Санси беше навистина несекојдневна.
Адамс и Пламли влегоа во клинч и не се раздвоија повеќе од 10-тина секунди, па коментаторите кои во живо го пренесуваа мечот, ја нарекоа нивната пресметка како дуел на двајца сумо-борци.
Иако не си зададоа некој посериозен удар, судиите проценија дека најкоректна одлука ќе биде двајцата да заминат на предвремено туширање.
Ова се случи на крајот на втората четвртина, а до таа фаза од мечот Адамс имаше 1 поен и 4 скокови, додека Пламли 4 поени и 6 скокови.