Родриго образложи како ја доживеал драмата: Изгледаше чудно, па извршивме притисок врз судијата

Дерби

13/03/2025

15:55

590

Големина на фонт

а а а

Родриго не одигра баш најдобар натпревар против Атлетико Мадрид и беше еден од играчите кои беа повлечени уште во регуларниот дел од мечот, но затоа призна дека и тој бил вознемирен како сите играчи на теренот за време на пенал рулетот.

Бразилскиот напаѓач ги следеше завршницата случувања на „Метрополитано“ од клупата за резерви, а во интервјуто за бразилски „ТНТ Спортс“, Родриго сподели и свое искуство за тоа како го доживеал спорниот пенал на Хулијан Алварез.

– Ситуацијата беше и малку смешна да се гледа отстрана. Јас бев на клупата за резерви и начинот на кој топката заврши во голот беше навистина чуден.

– Почнаа да викаат дека има двоен допир од Алварез, а потоа извршивме и притисок врз судијата. Да бидам искрен, никогаш немав видено вакво нешто на еден фудбалски натпревар.

– Тоа е што е, се пласиравме во следната рунда и таму не чека Арсенал. Не постои лесен противник во оваа фаза од натпреварувањето, ќе мора да бидеме максимално концентрирани за да се пласираме во полуфиналето, – изјави Родриго.