Пожртвуваниот Белингам беснееше на Винисиус во дополнителните 30 минути на „Метрополитано“

Дерби

13/03/2025

13:55

609

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам беше еден од играчите кои истрчаа најмногу километри на „Метрополитано“, а во ситуација кога се водеше жестока битка за секој метар на теренот, Англичанецот не ја криеше својата фрустрација кога не гледаше доволно залагање од Винисиус Жуниор.

Бразилецот целосно излезе од рамнотежа откако го промаши пеналот во регуларниот дел од натпреварот, па иако првата утеха дојде од Белингам, токму Англичанецот беше оној кој беснееше на Вини во продолжението.

По еден неуспешен дриблинг, наместо да се врати и да помогне во одбрана, Винисиус протестираше кон судијата и му се жалеше на Анчелоти, а тоа направи да видиме една несекојдневно бесна реакција од Џуд.

Белингам мораше да коригира и со лизгачки старт да спречи опасна контра на домаќините, а откако го направи тоа, не го криеше незадоволството.

Џуд му викаше на Винисиус за непожртвуваноста во дадената ситуација, па неколку минути подоцна, Бразилецот беше и повлечен од игра.

Видеото погледнете го ТУКА.