Општа потрага! Извлечен ЛОТО милионер, но целиот случај стана мистерија

Точка

07/10/2022

07:46

12.494

Големина на фонт

а а а

Една недела по извлекувањето на добитната лото комбинација од пет милиони фунти во Велика Британија се уште никој не ги земал парите, навел британски "Камелот".

Играчите се охрабруваат да ги проверат своите лозови во случај да се среќни добитници на износот кој би можел да им го промени животот, пренесува "Sky News". Добитната комбинација - 3, 15, 20, 48, 57 и 58 е извлечена на 28-ми септември, а лозот е купен во продавница.

Енди Картер, вработен во Националната лотарија, рекол дека пронаоѓањето на ливчето на некого би можело да му го промени животот. Играчите би требало да ги проверат лозовите во продавница или со скенирање во апликацијата на Националната лотарија.


„Беше напорен месец за мене и мојот тим со лотаријата која направи неверојатни 14 милионери од почетокот на септември и се надеваме дека оваа среќна лото низа ќе продолжи“, додал Картер.

Ако наградата не се преземе во рок од две недели од извлекувањето, "Камелот" ќе ја открие областа во која лозот е купен, како начин да ги поттикне луѓето да проверат дали се добитници. Секој победник на Националната лотарија има 180 дена од извлекувањето да ја преземе наградата.


Кога добитникот ќе ги подигне парите може да одлучи дали јавно ќе каже дека ги освоил парите на лотарија или ќе остане анонимен.