Нема посигурен начин да ги маѓепсате другите со вашиот изглед: Елегантниот фустан на Риз Витерспун за жени од 18 до 88 години

Точка

06/10/2022

14:16

8.016

Големина на фонт

а а а

Славната актерка се појавила во шик фустан со вонвременски дизајн којшто е совршен за најсвечените моменти.

Американската актерка Риз Витерспун деновиве се занимава со нешто што нема врска со филмот – ја промовира својата нова книга за деца.

„Зафатената Бети“ е една од нејзините најголеми причини за гордост, а актерката сјае додека зборува за својата нова книга.


Како што вели, хероината во книгата името го добила по нејзината мајка, „првата зафатена личност која таа ја запознала“.

„Мојата мајка 40 години работеше како медицинска сестра и професорка на државен Универзитет, секогаш беше зафатена, секогаш имаше работа, така што работата, образованието и помагањето на луѓето е нешто што секогаш беше дел од нашите животи“, истакнала Риз.


Актерката деновиве речиси секојдневно се појавува на телевизија поради тоа што започнала промотивна турнеја, а најголем впечаток оставила при гостување во емисијата на Џими Фалон.

Риз за оваа прилика избрала да носи фустан којшто е со потпис на модната куќа „Alexander McQueen“, а станува збор за креација со миди должина која ги открива рамениците.


Актерката избрала модел кој ја следи линијата на тело, а не е „залепен“ за истото, паѓа малку под колената со моќен завршеток. Истиот го нагласува струкот со помош на дебел ремен со потпис на истиот бренд.

Својот елегантен стил Риз го заокружила со помош на лакирани чевли од „Christian Loubout“, шик модел со црвен ѓон којшто дава впечаток на отменост.


Ви се допаѓа ли?




Спонзорирани линкови

Маркетинг