Сакал да повози „Bugatti“ од 5 милиони долари, но не ја проверил временската прогноза

Точка

30/09/2022

16:26

16.473

Големина на фонт

а а а

Возењето на „Bugatti W16 Mistral“ секако е незаборавно искуство, со 1.600 коњски сили и ветер во коса.

Кон средината на август „Bugatti“ го претставил новиот модел. Тоа е воедно последниот автомобил со 8.0 W16 мотор со четири турбо-полначи.

Станува збор за „Bugatti W16 Mistral“ по кој доаѓаат модели со електрифициран погон. „Bugatti“ планира да произведе само 99 примероци од овој автомобил, а секој од среќните купувачи ќе мора да издвои најмалку 5.000.000 долари.

Возењето со „Bugatti W16 Mistral“ секако е незаборавно искуство, со 1.600 коњски сили и ветер во коса. Освен ако надвор не ве дочека лошо време и дожд.

Во тој случај не е доволно да кликнете на копче и да почекате неколку секунди кровот да се затвори – бидејќи го нема. На приложената снимка ќе видите како возачот се снашол во таква ситуација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг