Камила од шок го плукнала чајот кој го пиела: Бизарниот предлог на принцот Хари направил дополнителни проблеми во кралското семејство

Точка

22/09/2022

22:03

10.401

Големина на фонт

а а а

Примирјето на кралското семејство, односно Меган и Хари со Бакингемската палата, деновиве е главна тема во британските медиуми по погребот на кралицата Елизабета Втора.

И покрај тоа што на моменти изгледало дека семејството повторно ќе биде сложно, набрзо потоа испливале новите проблеми на површина.

Неодамна било откриено дека своевремено Хари предложил доведување посредник за да ги подобри односите со семејство, а Камила поради таа идеја наводно го плукнала чајот којшто го пиела во тој момент.

Оваа информација ќе биде објавена во новата книга за кралското семејство „The Firm, The New Royals“ од авторката и новинарка Кејти Никол. Таа во книгата се осврнала на поделбата меѓу Сасекс и другите членови од семејството, а која следела по одлуката Хари и Меган да се повлечат од официјалните должности и да започнат нов живот во Америка.


Во книгата се цитира неименуван семеен пријател којшто на авторката ѝ кажал дека војводата од Сасекс се состанал со татко му, кралот Чарлс Трети, пролетва со желба да ги средат постоечките проблеми, но тоа се претворило во непријатна средба која односите ги оставила затегнати и несредени.

Никол навела дека постоела трошка надеж за компромис кога Меган и Хари го посетиле Лондон пред да се упатат во Хаг на настанот „Invictus Games“.

Таа обелоденила дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт наводно се почувствувале убаво кога Меган и Хари се преселиле во САД затоа што верувале дека на драмата ѝ дошол крајот.

Исто така се наведува дека Вилијам одржал самит со помошници за да разговара за иднината на кралското семејство по нивното преселување во САД.

Во еден дел од книгата објавен во магазинот „Vanity Fair“ авторката наведува дека Чарлс инсистирал на состанок со Хари со чај пред приемот кај кралицата.


„Состанокот со Чарлс и Камила бил многу непријатен за разлика од срдечната средба со кралицата“, напишала Никол, додавајќи дека Хари и Меган задоцниле на состанокот поради што Чарлс можел да остане само 15 минути со нив пред да морал да ги продолжи официјалните обврски.

„Хари всушност предложил да користат посредник за да се обидат да ги поправат односите, што на Чарлс го збунило, а на Камила ја натерало да го плукне чајот којшто го пиела“, изјавил извор близок до семејството додавајќи дека Камила рекла дека неговиот предлог е смешен.

Во книгата исто така пишува дека кралицата Елизабета Втора била „повредена и исцрпена“ поради одлуката на Хари и Меган да се повлечат од должноста и да се преселат во САД.


„Кралицата беше многу повредена и ми рече: Не знам, не ми е гајле и не сакам повеќе да размислувам за тоа“, изјавил извор од кралското семејство за авторката на книгата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг