48-годишната Пенелопе Круз изгледала одлично додека уживала, скокајќи од јахта во Медитеранското море во Италија.
Актерката помеѓу паузите од снимањето „скокнала“ до морето за да поужива во августовските денови, а друштво ѝ правеле децата и пријателите.
Се чини дека Пенелопе се забавувала, не обѕирајќи се на папараците кои вредно го фотографирале секој нејзин скок во вода.
Инаку познатата Шпанка е позната како дама која негува природен изглед и не се подложува на естетски корекции. Таа не вбризгува ботокс и филери, а со години ги игнорира советите да го „среди“ носот по хируршки пат.
Поради тоа што е природна на прагот на 50-те години, таа добива сè повеќе улоги во филмовите и е една од најбараните актерки на денешницата.
Нејзиниот сопруг Хавиер Бардем често говори дека Пенелопе е многу темпераментна и е една од најсексапилните жени на светот.