Модната ревија на Џамбатиста Вали на Модната недела во Париз обедини голем број славни убавици и влијателни дами во светот на модата, а бидејќи тие ги обожуваат неговите креации, не им претставувало проблем и овојпат да понесат парчиња со потпис на овој славен дизајнер.
Првиот ред на ревијата го пополниле згодни, прекрасни дами со посебен стил, а нивните изданија биле подеднакво атрактивни и интересни како оние на самата писта. Особен впечаток остави креацијата на актерката Еиза Гонзалес која важи за една од најпосакуваните жени во Холивуд, а во Париз навистина заблескала во полн сјај.
Погледнете ги изданијата на останатите дами: