Петта свршувачка: Марк Ентони ја запроси 30 години помладата манекенка

Точка

13/05/2022

22:14

9.823

Големина на фонт

а а а

Пејачот Марк Ентони ја запроси својата девојка, манекенката Надија Фереира. 23-годишната манекенка ја потврди среќната вест.

„Прослава на свршувачката“, напиша Надија покрај фотографијата на една приказна на Инстаграм каде таа и 53-годишниот Ентони се држат за рака.


За врската на парот почна да се шпекулира пред три месеци, а гласините беа потврдени кон средината на март. Нејзините следбеници веќе некое време го гледаат прстенот на нејзината рака, но дури сега потврдија дека се вериле.

Ентони беше свршен четирипати пред да ја запроси манекенката. Тој првиот пат ја запроси актерката Клодет Лали, но раскинаа уште пред да се одржи венчавката. Потоа се оженил со Дајанара Торес во 2000 година и нивниот брак траел четири години.


Подоцна се ожени со Џенифер Лопез и беше во брак со неа десет години. Тие се родители на близнаците Ема и Максимилијан. Покрај нив, Ентони има уште четири деца.

Откако се разведе од Џенифер, пејачот се ожени со манекенката Шенон Де Лима од која се разведе три години подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг