Бизарни навики на кралицата Елизабета: Не јаде супа и компир, презира коцки мраз, не ја напушта палатата без пакување од својата крв!

Точка

21/03/2022

10:09

16.762

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас имаат различни навики кои другите ги сметаат за сосема необични, па таков е случајот и со членовите од кралското семејство, конкретно со кралицата Елизабета.

Секојдневнието на кралицата Елизабета, која наскоро ќе го прослави 96-от роденден, се карактеризира со уникатни и чудни навики.

Додека за некои од нив постои логично објаснување, други се сосема банални, единствени, па дури и смешни.

1. Никогаш не патува без пакување од својата крв

Со неа на патување секогаш оди тим од лекари кој е задолжен за грижа за нејзиното здравје. Освен тоа, должни се во секој момент да знаат кои се најблиските болници во градовите што ги посетуваат, а со себе секогаш носат голема медицинска торба во која има мобилен дефибрилатор, како и останати инструменти и апарати за итна медицинска помош. Покрај тоа, лекарите секојпат со себе носат пакување со крв на кралицата, во случај итно да ѝ е потребна инфузија.

2. Во палатата е забрането отворање на прозорците

Се разбира, тоа не се однесува на сите прозорци, туку оние кои се наоѓаат на предната страна на Бекингемската палата. Целта е палатата во секој момент да изгледа перфектно, а отворените прозори можат да го нарушат нејзиниот изглед.


3. Кралицата не поднесува коцки мраз

Една сосема необична навика се однесува на формата на мразот кој се наоѓа во чашата на кралицата. Имено, таа не го поднесува звукот кој произлегува од коцките мраз и смета дека многу попријатен е оној кој го прават ледените топки.

Токму поради тоа наводно е произведена посебна машина која произведува мраз токму во таа форма.

4. Во нејзината чанта секогаш има необичен предмет

Додека повеќето дами во својата чанта носат огледало, шминка и пари, кралицата Елизабета домот никогаш не го напушта без еден посебен предмет кој секогаш мора да се најде во нејзината чанта. Станува збор за специјално дизајниран држач за чанта, на кој многу едноставно и брзо може да се закачи истата. Со оглед дека во кралското семејство постојат тајни пораки кои се испраќаат токму со чантите, кралицата на овој начин избегнува испраќање лажни пораки. На пример, ставањето на чантата на под значи дека сака да го напушти собирот на кој присуствува. На овој начин никогаш нема да дојде до забуни, а и решението каде да стои чантата е многу практично и едноставно.

5. Не сака брада и машни кај мажите

Додека повеќето жени токму овие детали ги сметаат за исклучително мажествени, кралицата Елизабета ги гледа како многу иритантни. Токму поради ова мажите во нејзиното опкружување секогаш мора да бидат свежо избричени, а единствен исклучок е нејзиниот внук, принцот Хари, на кој се обидела да влијае, но безуспешно.


6. Секоја нејзина комбинација на облека има реден број

Секоја комбинација која кралицата Елизабета ја носела има свој единствен број, покрај кој е назначено во која прилика е носена. Со оглед дека кралицата сака силни бои и класичен стил на облекување, комбинациите лесно можат да бидат измешани, а од големо значење е да се води сметка да не се појави двапати по ред на некој настан во ист аутфит, па дури ниту во истата боја.

7. Никогаш не јаде супа, ниту компир

Се разбира, овие јадења се дел од менито на Бакингемската палата, но никогаш нема да бидат послужени ако е присутна само кралицата. Вработените во палатата никогаш нема да се осудат на кралицата да ѝ послужат супа, а што се однесува до компирот, како што велат, ниту него не го сака, смета дека не е добар избор за нејзината диета.

8. Обожава малини, но никогаш не ги јаде во јавност

Малините се омилено овошје на кралицата, но никогаш нема да ја видите како ги консумира во јавност. Поради нивните семки многу лесно може нешто да остане на забите, а тоа за кралицата би било сосема неприфатливо.

9. Нејзините нови чевли секогаш мора да бидат добро разгазени

Иако веќе со години наназад се одлучува за ист модел од истиот бренд, кралицата не сака да ја почувствува непријатноста на сосема новите, крути чевли, па затоа пред нивното прво облекување, секогаш добро ги разгазува слугинката која го носи истиот број како и кралицата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг