Донирала бубрег за да му го спаси животот на нејзиното момче: Како 'благодарам' тој 7 месеци подоцна...

Точка

25/01/2022

22:46

83.492

Големина на фонт

а а а

За тоа дека за некои луѓе реченицата 'во добро и во зло' значи токму тоа, покажала девојката со име Колин, која на своето момче му донирала бубрег за да му го спаси животот. Но, тој ѝ се оддолжил на нималку убав начин.

За да направи операција, Колин воопшто не размислувала, но наместо 'благодарам', од момчето добила неверство, а потоа и 'шут карта'.

Нејзината приказна на ТикТок ја прегледале повеќе од 10 милиони корисници. Американката објаснила дека во тоа време на нејзиното момче морало да му се трансплантира бубрег, бидејќи се борело со хронична болест поради која било на дијализа од 17-тата година.


„Одлучив да се тестирам за да видам дали можам да донирам или не. Не сакав да гледам како умира“, рекла таа, пишува „The Sun“.

Откако резултатите покажале компатибилност, следела трансплантација, но и закрепнување, кое двајцата добро го поминале.



Додека повеќето луѓе би биле благодарни до крајот на животот, нејзиното момче ѝ се оддолжило така што седум месеци подоцна ја изневерило.

Имено, тој ѝ соопштил дека со пријателите ќе оди на ергенска вечер во Лас Вегас. Иако Колин не се грижела околу патувањето, бидејќи сметала дека тој ѝ е верен, многу се излажала. Откако се вратил од пат, ѝ признал што направил.

„Се расправавме, но на крајот му простив и му дадов втора шанса“, вели таа.


Сепак, три месеци подоцна тој ја оставил.

„Ми рече: 'Ако сме еден за друг, Бог повторно ќе нè спои', а потоа ме блокираше на сите социјални мрежи“, раскажува Колин.

Во коментари луѓето ја поддржале, велејќи дека во неа виделе олицетворение на храброст и хуманост, а многумина заклучиле дека нејзиното момче нема нималку срам.

„Имаш толку големо срце“, „Треба да бидеш горда на себе, си спасила нечиј живот“, „Тој буквално не би бил жив ако те немало тебе и со тоа ќе мора да живее до крајот на животот“, се само дел од коментарите под видеото. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг