Природна и органска козметика – безбедна за вас и вашето семејство

Точка

18/11/2021

12:36

15.994

Големина на фонт

а а а

Неодамна Bellina го отвори новиот Bellina Bioshop, специјализиран за сертифицирана природна и органска козметика, во East Gate Mall.

Освен традиционалните козметички категории, како нега за лице, тело и коса, во нивната палета може да се пронајде речиси сѐ што ви е потребно во вашето секојдневие, како на пример нега за деца и бебиња, за домашни миленици, козметика за домаќинство, лична хигиена и сл.

Целта на оваа млада компанија е да се крене свеста кај македонските потрошувачи за користење на безбедни производи. За секој производ се следи филозофијата на компанијата, која нуди исклучиво природна и органска козметика, најчесто сертифицирана од најреномираните светски сертификатори како Ecocert, ICEA, Vegan Association, Cruelty Free International, Fair Trade и многу други.

Што е природна и органска козметика?

Природна козметика е козметика која во својот состав содржи исклучиво состојки од природно потекло, а органска козметика е козметика која со својот состав содржи исклучиво состојки од природно потекло, кои се од контролирано органско земјоделство.

Како да ги препознаете кои производи се безбедни за вас и вашето семејство?

Гаранција за самиот производ се сертификатите одбележани на амбалажата, чие лого најчесто е лесно препознатливо и видливо:


Најчесто производителите своите природни и органски производи ги сертифицираат кај некој од познатите светски сертификатори.

Зошто е важно да одбереме сертифицирана природна и органска козметика?

Изборот на сертифициран природен или органски производ, значи и гаранција за квалитетот на состојките и процесот на производство на истиот. Сертифицираните производи исто така се „Cruelty Free“, што значи дека истите не се тестирани врз животни.

Природната козметика во својот состав не треба да содржи нафтени деривати, синтетички конзерванси и бои, силикони, парабени, СЛС, СЛЕС, ПЕГ итн., така што доколку производот не е сертифициран треба да внимавате да не содржи нешто од наведеното во својот состав. Ваквите штетни состојки кои се многубројни, не се задржуваат само на површината од кожата, туку пенетрираат длабоко во неа, во сите слоеви на дермисот, епидермисот па дури и во крвотокот и мајчиното млеко.

Дел од брендовите кои се продаваат во Белина, а се со сигурен и проверен состав може да ги најдете под следниве брендови:


Крајната цел на Bellina, не е само да се подобри понудата на козметика на нашиот пазар, туку подеднакво важно и да се крене еколошката свест кај македонските потрошувачи и свеста за грижата за себеси.

Наш совет е секогаш да претпочитате производите кои ги користите да бидат:

- Сертифицирани природни или органски
- Вегански
- Дерматолошки тестирани
- Безбедни за доилки и трудници
- Во рециклирачка амбалажа


На овој начин не само што ќе ги одберете најдобрите производи за себе, туку ќе направите и нешто добро за животната средина.

И ако не знаете каде да најдете вакви производи, ви препорачуваме да го посетите веб сајтот на www.bellina.mk!