[ВИДЕО] Најубавото туристично место во Грција целосно празно во јули: „Дали летовите се откажани летово, островот е мртов“

Точка

22/07/2025

20:19

5.167

Големина на фонт

а а а

Еден турист на популарниот грчки остров Санторини, изразил неверување кога видел колку оваа позната дестинација е пуста и ги охрабрил другите да ја посетат.

Доколку барате „last-minute“ летување во Европа на сонце, еден патник верува дека го пронашол совршеното место и тоа во Грција, откривајќи дека има многу слободни места за сместување.

Блогерот Роберт Шерман тврди дека популарниот грчки остров е „мртов“, опишувајќи го своето искуство на Санторини.

„Дали европските летови се откажани годинава?“, прашал тој во видеото, па додал: „Моментално сум на Санторини и овој остров е мртов, има расположливо сместување насекаде низ островот“, тврди тој.


Роберт изразил изненадување затоа што иако викенд среде јули, сепак немало метеж.

„Вечерва дури немам ни резервиран хотел. Ќе одам во градот и ќе си изберам хотел по пониска цена“, додал тој.

Во наредното видео, Роберт покажал една работа која посетителите треба да ја направат доколку му се придружат на овој, како што вели, напуштен остров.

„Доколку направите само една работа на Санторини, тоа нека биде островот да го погледнете од брдото“, советува тој додека бил на излет со мала група туристи.


Зошто Санторини е празен?

Стотици корисници на ТикТок го споделиле своето мислење зошто Санторини повеќе не е толку популарен остров.

Еден претпоставил: „Санторини и Миконос сами по себе се исфрлија од игра поради чистата алчност“.

Некои мислат дека мирот е резултат на неодамнешната сеизмичка активност. Еден корисник на ТикТок напишал:

„Зошто луѓето имаат мислење без знаење? Санторини има ниски цени и слободно сместување ова лето затоа што во текот на зимата имаше земјотреси, па многумина одлучиле да го избегнат. Сите острови се презафатени“.

Еден Грк којшто живее во странство, додал: „Како Грк секое лето го посетувам островот веќе 15 години, минатата година одлучив годинава да не одам. Цените се превисоки, а преголемиот број на туристи искуството го прави постресно. Наместо одмор, добивате напор“.


Грчките острови преполни

Четврти корисник на ТикТок смета: „Мислам дека другата страна од островите е преполна. Луѓето се уморни од Санторини и Миконос, не се автентични, преполни се и нудат чудно туристичко искуство. Пробајте да одите на другите острови, како: Милос, Парос, Аморгос...

Исто така мислам дека достапноста на хотелите има врска со прекумерната изградба, објекти за туристи има насекаде, дури повеќе од домови на локалните жители“.

Во меѓувреме, уште еден турист известил за ситуацијата на Крит, дека е еднакво лоша.

Тој коментирал: „Тука на Крит, мештаните велат дека ова е најлошата сезона од коронавирусот наваму, животот во Европа поскапе, авионските карти се скапи, па луѓето откажуваат да дојдат или доколку дојдат штедат пари“.