„По флертот си разменија телефонски броеви“: Пред нас е нова љубовна романса – Бред Пит и познатата пејачка и актерка?

Точка

01/06/2021

21:11

8.544

Големина на фонт

а а а

Енергиите им се поклопиле веднаш по првата средба, велат упатени извори за странските медиуми.

Славниот актер Бред Пит не мирува кога е во прашање љубовта, пренесува британскиот портал „Mirror“

Неодамна тој доби и старателство над децата, а спорот со Анџелина Џоли траеше речиси пет години.

Анонимен извор открил дека Пит разменил телефонски број со пејачката и актерка Андра Деј (36) која ја запознал на овогодишните доделувања на престижните награди Оскар.

„Флертуваа зад сцената, а разменија и телефонски броеви“, кратко изјавил изворот и додал дека разменувањето на броевите би можело да биде и поради работа.

Инаку, Деј ја толкувала улогата на џез пејачката Били Холидеј во филмот „United States vs. Billie Holiday“, а била номинирана и за најдобра женска главна улога.

Иако не ја освои златната статуетка, на црвениот тепих таа блескаше во златен асиметричен фустан со висок прорез до колковите.

Наводно, токму во таа модна комбинација успеала да го освои Бред.