Една од нашите најубави водителки искрено за љубовта, бракот, партнерските односи: „Ако те прави несреќна и ако имате кавги, ќе се одрази на твојата убавина...“

Точка

06/10/2026

13:14

621

Големина на фонт

а а а

ТВ-презентерката Татјана Стојановска отворено говореше за бракот, партнерските односи и убавината, откривајќи и зошто и денес ги користи двете презимиња.

Во емисијата „Нешто конкретно“, водителката Снеже Велков ја праша Стојановска зошто покрај своето презиме го користи и презимето на сопругот. Таа низ насмевка даде краток, но духовит одговор:

„Па, за да се знае дека жената е мажена.“


Од темата за презимињата, разговорот продолжи во насока на партнерските односи и прашањето што е потребно една врска да биде стабилна и долготрајна.

Стојановска смета дека физичката привлечност може да биде важна во почетната фаза на една врска, кога меѓу двајца луѓе постои хемија и заемна заинтересираност. Сепак, според неа, за односот да опстои на долг рок, неопходни се многу повеќе од физичкиот изглед.


„На првата средба може да се освојат, нешто да ги привлече, без разлика дали е маж или жена во прашање. Може да трае тоа, некоја романса, да биде интересно, да биде сè. Меѓутоа, ако е на долги патеки, тогаш треба други вредности да се видат, дали луѓето се компатибилни, дали имаат исти интереси, дали се развиваат во иста насока, дали се привлекуваат. Убавината воопшто не е важна. Ни од жената, ни од мажот. Тоа е минлива категорија“, одговори Татјана.

Таа се осврна и на влијанието што партнерскиот однос може да го има врз жената, нејзината самодоверба и начинот на кој се чувствува во сопствената кожа. Според неа, односот исполнет со внимание, почит и разбирање може позитивно да влијае врз жената, додека несогласувањата и незадоволството во врската неминовно оставаат трага.


„Жената и таа друга убавина, внатрешна, емотивна и секаква друга, треба и партнерот да придонесе за тоа. Ако тој те прави несреќна, ако не ти дава внимание, ако имате кавги, ако немате некои добри односи и така натаму, тоа ќе се одрази на твојата убавина во секој случај“, одговори таа.

Во разговорот било отворено и прашањето дали убавината на една жена може да претставува проблем во врската, особено ако таа привлекува внимание од други мажи.


„Таа која е, нели, како што треба, жена на место, нема да дозволи ништо. Така што зошто да биде проблем? Нема да биде, апсолутно“, рече Стојановска.

Стојановска смета дека туѓото внимание не треба да биде причина за проблеми меѓу партнерите, бидејќи клучна е реакцијата и однесувањето на самата личност.