Американската актерка Зендеја се најде на мета на критики на по средбата со првата дама на Франција, Брижит Макрон.
На снимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа моментот на нивната средба, кога Брижит Макрон ѝ приоѓа на Зендеја и се ракува со неа. Зендаја во тој момент продолжила да седи, што предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.
Некои нејзиниот потег го оценија како непристоен и наведоа дека, според правилата на бонтонот, требало да стане при поздравувањето.
„Зошто не стана?“, „Ова е навистина непристојно“ и „Основниот бонтон налага да станеш кога некој ќе ти пријде“, се само дел од коментарите на корисниците.
Снимката во меѓувреме привлече големо внимание во јавноста, а расправата за тоа што претставува основен бонтон при средба со јавни личности продолжува на социјалните мрежи.







