Интервјуто на Меган и Хари кај Опра предизвика големо внимание кај светската јавност, а реакциите и неколку денови по емитувањето не стивнуваат.
Во меѓувреме се појавија неемитувани исечоци од интервјуто, а голем број Твитер корисници тврдат дека тие делови намерно се исфрлени за Меган и Хари да бидат прикажани во погрешно светло.
Одговарајќи на прашањето за тоа дали треба членовите на кралското семејство да бидат подготвени на тоа дека ќе ја изгубат приватноста, Меган одговорила:
„Мислам дека секој има основно право на приватност. Основно. Не зборуваме за нешто што никој друг не би го очекувал“, вели таа.
I’m very disappointed that ITV aired an edited version of the interview. This clip makes Meghan look normal, because she is! This is ridiculous. ITV aired an edit that wasn’t in Meghan and Harry’s favour. pic.twitter.com/J2kQk3l0YN
— MATT (@maatty15) March 9, 2021
„Ако на бирото на работа имате фотографија од вашето дете, а вашиот соработник вели: 'О, Боже, вашето дете е слатко. Можам ли да го земам вашиот телефон за да ги видам сите фотографии од него?', одговорот е НЕ. Ова е фотографија која ја споделувам со вас“, рекла Меган и објаснила дека, ако споделите една фотографија од вашето дете на социјалните мрежи, тоа не значи дека некој има право да го фотографира детето без дозвола.
„Нема никој кој на Инстаграм или на социјалните мрежи рекол: 'Бидејќи ја споделив оваа една фотографија, тоа ви дава за право да го добиете целиот мој фотоапарат. Само напред и погледнете го.' Никој не би го сакал тоа. Значи, станува збор за граници. И се работи за почит“, заклучила војвотката од Сасекс во одговорот кој не е емитуван.
Снимката од овој одговор е објавена на Твитер и собрала повеќе од 40.000 лајкувања.
„Многу сум разочаран што 'ITV' емитуваа преработена верзија на интервјуто. Овој исечок ја прави Меган да изгледа нормално, бидејќи таа и навистина е! Ова е смешно. 'ITV' емитуваа прилог кој не е наклонет на Меган и Хари“, напишал корисникот кој ја споделил снимката.
„ITV“ ја емитуваа истата верзија на интервјуто како „CBS“, а со оглед на тоа дека цело интервју трае повеќе од три часа, имало делови кои биле отстранети.
„Во процесот на уредување на овие три часа и 20 минути, на еден час и 25 минути, му реков на мојот тим: 'Најважното прашање на кое треба да се одговори овде и целта на емисијата е - зошто си заминале'“, објаснила Опра за „CBS“.