Контроврзниот австралиски тенисер Бернард Томиќ во строгиот 14-дневен хотелски карантин во Мелбурн ја земал својата девојка, ѕвездата на еден популарен сајт за возрасни и позната старлета, Ванеса Сиера.
Томиќ со згодната Ванеса карантинот сигурно лесно го поднесува.
Ванеса објавила видео од хотелската соба во кое открила дека по цел ден одлично се забавуваат.
„Играв Покемони 11 часа вчера и мислам цели 12 часа еден ден претходно. Бернард играше VoV“, вели згодната Ванеса.
Сепак, истакнала дека не е сè така идеално.
„Храната е далеку од добра, иако последните денови се подобрува“.
Ванеса е ѕвезда на австралиски ријалити емисии и многу е популарна на сајтот „Only Fans“ на кој наплатува за голи фотографии и снимки.