Монфис им одржа лекција на обложувачите: Ние сме во 2025. година, а вие сè уште типувате на мене

Дерби

12/06/2025

11:17

153

Големина на фонт

а а а

Гаел Монфис се врати на терените по елиминацијата во втората рунда на Ролан Гарос и го одигра првиот турнир на трева, но францускиот ветеран рано го заврши настапот во Штутгарт каде беше поразен од Алекс Микелсен.

20-годишниот Американец беше подобар во три сета и славеше со 2:1, па иако ова не беше преголемо изненадување, имаше такви кои испорачаа сериозни критики и жестоко расистички навреди на сметка на Монфис по претрпениот пораз.

Во 21-от век, Монфис се уште мора да се справува со луѓе кои му се потсмеваат за бојата на кожата, но бидејќи воглавно станува збор за обложувачи кои типуваат на него, сега реши да им одржи лекција преку видео обраќање на социјалните мрежи.

– Ова не е финансиски совет до вас, но момци, дали сте сериозни? Се обложувате на мене, на првиот турнир кој се игра на трева?

– Играв против Алекс Микелсен, 20-годишен играч кој е 35-ти на светот, а вие се обложивте на мене? Пишувате дека сум срање и јас знам дека сум срање. Сите знаеме дека сум срање, но вие се обложувате на моја победа…. Кој е глуп во ситуацијава?

– Нозете ми се кршени повеќе пати, имам играно со скршена нога, па немојте да се молите за такво нешто. Уште нешто….. Ние сме во 2025-та година, а вие се уште зборувате за бојата на кожата. Каква врска има бојата на кожата со тениските перформанси? Знам дека сум убав и дека имам убав тен, ако сакате да изгледате како мене, излезете на сонце да се сончате. Но, запомнете дека треба да користите крема за сончање….., – порачува Монфис.