Официјално: Гвардиола ја прецрта англиската ѕвезда вредна 100 милиони фунти

Дерби

12/06/2025

11:15

253

Големина на фонт

а а а

Џек Грилиш своевремно беше најскап британски фудбалер во историјата, но четири години по ваквиот статус кој го стекна со трансферот од Астон Вила во Манчестер Сити, се најде во ситуација да биде прекуброен во тимот на Пеп Гвардиола.

Крајот на сезоната беше најава за разделба меѓу англиската ѕвезда и Манчестер Сити како клуб, а Пеп по се изгледа прави се што е во негова моќ да го натера Џек што побрзо да си пронајде нов клуб.

Шпанскиот стручњак ја објави листата на фудбалери кои ќе отпатуваат на престојното Светско клупско првенство, па изостанокот на Грилиш е јасна порака која фудбалерот мора да ја сфати сериозно.

Гвардиола и дефинитивно го прецрта Грилиш од своите планови за новата сезона, која ова лето ќе стартува многу порано од предвиденото.

За разлика од Грилиш, Гвардиола на списокот ги вметна сите четири досегашни засилувања, а тоа се Бетинели, Аит-Нури, Шерки и Рајндерс.