Иван Ракитиќ и уште шест поранешни играчи на Севилја: Алехандро Гомез, Лукас Окампос, Алберто Морено, Нико Пареха, Алберто Морено и Хавиер Савиола, се најдоа во средиштето на случај на измама од повеќе милиони долари, пишува шпанскиот „Периодико“.
Ракитиќ (37) ќе го заврши договорот со Хајдук на крајот од месецот, но сè уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата и каде. Споменатиот извор наведува дека Ракитиќ „е вклучен во истрагата за наводната измама од повеќе милиони долари на илјадници инвеститори во криптовалути и нефинансирани токени (NFT)“.
„Периодико“ додава: „Она што изгледаше како профитабилен бизнис за компанијата „Ширтум“, се покажа како измама во која беа вклучени бројни луѓе. Измамата е тешка повеќе од од три милиони евра, а ја истражува суд во Барселона. Тројца каталонски бизнисмени, Манел Анхел Торас, неговиот син Марк Алберт Торас и Мануел Морилас, и аргентинскиот државјанин Давид Розенцвајг се обвинети за 11 кривични дела.
Тие вклучуваат проневера, измама и даночно затајување. Фудбалерите, од друга страна, се именувани од 12 жртви на измама во тужбата како лица за кои сакаат да бидат испитани и осомничени „дека се соучесници во делата на измама и помагање во делата на лажно рекламирање.“
Поранешните ѕвезди на шпанските гиганти се наведени во приватна тужба како помагачи и поттикнувачи на измама водена од компанија која продавала криптовалути и нефинансирани токени (NFT) по нивен лик. Вредноста на NFT-ите и криптовалутите изнесувала вкупно три милиони евра.
Според обвинителите, фудбалерите имале „активна улога во продажбата на токени“. Ова особено се однесува на Гомез, кој тесно соработувал со гореспоменатите бизнисмени. Тие создале апликација за продажба на NFT фудбалери и требало да ги пласираат на пазарот по цена од 350 евра по парче.
Надворешните спонзори, луѓето кои сега ги тужат, инвестирале во бизнисот, но „Ширтум“ ја затворил апликацијата пред да биде објавена. Ниту „блокчејн“ криптовалутата, ниту NFT-ите немале никаква вредност во ниту еден момент. Со исклучок на Гомез, останатите фудбалери не биле задолжени за стратегијата или тактиките на продажната операција. Тие биле само само лица на проектот.