[ВИДЕО] Скалони режираше несекојдневна ситуација со Луис Дијаз, па објасни што му порачал на Колумбиецот

Дерби

12/06/2025

10:06

221

Големина на фонт

а а а

Луис Дијаз постигна вонсериски гол на натпреварот против Аргентина и ја покажа својата класа на „Монументал“, но исто така беше и еден од најнервозните гостински фудбалери во моментите кога „гаучосите“ израмнија на 1:1.

„Кафетеросите“ се бунеа поради фактот што Аргентина ја заврши акцијата со гол и покрај тоа што еден Колумбиски играч лежеше на земја, па во тие моменти видовме и една несекојдневна ситуација на фудбалските терени.

Лионел Скалони влета на теренот и му испрати неколку зборови на нервозниот Луис Дијаз, а новинарите по крајот на средбата се обидоа да дознаат за што станувало збор.

– За мене тоа не беше ништо чудно, едноставно многу го почитувам како фудбалер и се обидов да го смирам. Му кажав што мислам за ситуацијата.

– Се беше добро, немаше никаков проблем. Му честитав за партијата, тој е вистинска фудбалска ѕвезда и му се восхитувам, – изјавил Скалони.