Бетис има план како да го врати Антони

Макфакс

11/06/2025

14:44

685

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Антони, блесна во како позајмен играч во Бетис оваа полусезона, минатата недела се прости со клубот од „Бенито Виљамарин“. Антони се уште е под договор со Манчестер јунајтед, тој се врати на „Олд Трафорд“, но јасно е дека таму нема да биде во новата сезона.

Антони, од јануари па до крајот на сезоната, беше еден од клучните играчи на Бетис, со девет гола и пет асистенции во 25 настапи. Беше еден од најзаслужните за пласманот на клубот во историското европско финале на Конференциската лига и шестото место во Ла Лига.

Иако се збогува со Бетис, се чини дека шпанскиот клуб ќе се обиде да направи сè што може за да го задржи.

Челниците на Бетис ќе му предложат на Јунајтед, договор според кој Антони уште една сезона би настапувал како позајмен играч и со опција потоа да го откупи неговиот договор за 50 милиони евра.