Омилениот тренинг за раце на Џенифер Анистон: Се работи за само 10 минути дневно, а дава неверојатни резултати!

Точка

14/12/2020

17:01

4.637

Големина на фонт

а а а

Овој тренинг е сосема едноставен за изведување, не бара дополнителна опрема, а за еден месец сигурно ќе ги затегнете.

Џенифер Анистон во 51-та година има совршена фигура, но она што привлекува најголемо внимание се нејзините совршено дефинирани мускули на рацете.

Таа е некој кој здраво се исхранува и редовно оди во теретана. Љубител е на кардио програми, аеробик, но и јога. Токму и јогата е заслужна за одличните нејзини мускули на рацете. Инструкторката на Анистон покажала како изгледа еден цел тренинг.

Најдобро од сè е што може да се прави и во домашни услови, а не бара ниту дополнителна опрема. Доколку овие вежби ги правите редовно, по 10 минути, за само еден месец ќе имате значително позатегнати мускули.

Доколку мака мачите со опуштени раце и слаби мускули, овој тренинг е идеално решение за вас.

Во видеото погледнете како се изведуваат вежбите и повторете ги неколкупати, а идеално би било да издвојувате 10 минути секој ден за резултатите да бидат подобро и повидливи.