[ВИДЕО] Татко и ќерка: Емотивно видео од Андреј каде пее песна од ДНК на приредба кај ќерка си, а таа налутено го гледа

Точка

24/03/2025

12:19

3.900

Големина на фонт

а а а

Измина и најтешката и најцрната недела во историјата на независна Македонија. Останаа многу неодговорени „зошто“, болка и празнина од која како нација ќе ни треба многу време за да закрепнеме.

Измешани емоции во сите нас – гнев, болка, немоќ, тага... И прашањето дали имаме сила за уште еден мал пламен надеж и верба во човештвото, и покрај сè?

Додека се соочуваме со сето ова, тука се спомените, единственото нешто кое ќе даде утеха во оваа трагедија.

Па така, на социјалните мрежи осамна видео од Андреј ДНК каде тој пее на патрониот празник на ООУ „Димо Хаџи Димов“, училиштето во кое учи и неговата ќерка Јана.


Watch on TikTok

Родители на социјалните мрежи го споделуваат емотивниот момент помеѓу Андреј и неговата ќерка додека тој пее, а таа срамежливо стои отстрана.

Во еден момент тој ќе ѝ се обрати и запее, а таа како секое детенце кое родителите го „срамат“ се мурти и налутено го гледа. Тука можеме да забележиме како за секое дете неговиот родител е само родител, без оглед на професијата што тој ја има.


Во очите на Андреј се гледа огромната љубов кон неговото чедо и тоа е нешто што ќе ѝ остане и кога ќе порасне, и кога ќе ја боли секој миг кој нема да може да го сподели со татка си. Но, секогаш ќе ги има сеќавањата на еден човек кој неизмерно ја сакал.