Качамак за сечиј вкус - подгответе здрав и вкусен појадок за само неколку минути!

Точка

06/10/2020

21:58

5.123

Големина на фонт

а а а

Подгответе го највкусниот појадок за само неколку минути.

Состојки:

- 400 мл. вода
- 2 прстофат сол
- 100 гр. качамак
- 100 гр. свеж крем сир
- 1 лажица кајмак
- 1 лажица кисела павлака
- 50 гр. варена сланина
- 1 лажица масло
- 50 гр. полумасно сирење 


Подготовка:

Во длабока чинија измешајте ги со миксер сирењето, павлаката и кајмакот. Сланината пресечете ја на ситни коцкички и ставете ја настрана до употреба.

Сирењето изрендајте го ситно и исто така оставете го настрана до употреба. Водата посолете ја и ставете ја да зоврие, намалете го оганот и полека додавајте го качамакот со постојано мешање.

Кога качамакот ќе стане густ и ќе почне да исфрла меурчиња, уште додека е топол префрлете го во садот со измешаното сирење, павлаката и кајмакот.

Со миксер добро измешајте за да се соедини. Во тавче испржете ги коцките сланина. Готовиот качамак послужете го со ситно изренданото сирење и топло испржената сланина.