Една од најпопуларните спортски игри станува "Xbox" ексклузива: "PlayStation 5" има огромен проблем уште на почетокот

Точка

25/09/2020

13:33

809

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Sports Interactive" потврдила дека омилената спортска симулација ќе ја има исклучиво на конзолите на "Xbox".

"Football Manager 2021" е најавен за 24-ти ноември и како бомба пукнала веста дека "FM21" ќе биде достапна за "Xbox" конзолите. 

Станува збор за "Xbox Series X", "Xbox Series S" и "Xbox One" конзолите.

Играта по 10 години се враќа на гејминг платформата на "Microsoft" и официјално се нарекува "Football Manager 2021 Xbox Edition", а ќе биде еден од најголемите адути на "Xbox" конзолата целата сезона. Некои упатени извори дури и велат дека "Football Manager" доцнел баш додека "Microsoft" не издал "Xbox" конзола на новата генерација, за играчите веднаш да ги имаат козолата и играта на располагање.

Дали е тоа вистина? - нема да дознаеме официјално никогаш, тоа сме сигурно, но "Sports Interactive" објаснил дека "Xbox" верзијата е заснована на мобилната верзија на играта, односно дека е прилагодена на контролерот на "Xbox", што ќе биде вистински преседан што ваква игра ќе може да се игра на тој начин. Па, "Football Manager 2021 Touch" ќе биде базата на "Xbox" верзијата и еден од главните адути на "Microsoft" во борбата против конзолата "PlayStation 5".

"Microsoft Play Anywhere" функцијата се подразбира, со поддршка за играње на "Windows 10" платформата, така што играчот ќе има можност да продолжи на еден компјутер, каде што застанал на друг.

Играта ќе биде достапна од 24-ти ноември и за неа важат исти понуди во раниот период на нарачување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг