[ФОТО/ВИДЕО] Насмевка за насловна страница: Откриен нов вид на риба која со изгледот ги освои социјалните мрежи

Точка

11/09/2025

18:33

416

Големина на фонт

а а а

Рибите што живеат на големи длабочини обично изгледаат застрашувачки. Меѓутоа, истражувачите неодамна пронашле нови видови во длабоките делови на Пацификот, од кои еден вид е неверојатно симпатичен.

Во студија објавена на 27 август во списанието „BioOne“, научниците опишале розова риба со тркалезна глава наречена „Careproctus colliculi“, колоквијално позната како „груткаста риба-полжав“, која изгледа како да се смее, а нејзините слики брзо го преплавија интернетот.

Истовремено, биле откриени и нејзините роднини „Careproctus yanceyi“ и „Paraliparis em“, но тие привлекоа многу помалку внимание.

Истражувачите знаат за повеќе од 400 видови риби-полжави кои живеат во различни средини, од плитки езерца до длабоки океански кањони.

„Два од овие видови се црни риби-полжави пронајдени при истото нуркање од подморницата Алвин“, изјави за „IFLScience“ Макензи Герингер, главна авторка на студијата и биолог на Државниот универзитет во Њујорк.


„Фактот дека два претходно неопишани видови риби-полжави се пронајдени на истото место, за време на истото нуркање, во еден од подобро проучените делови од длабокото море во светот, покажува колку сè уште не знаеме за нашата планета“, додаде таа.

Истражувачите со подморница се спуштиле до Станицата М, на длабочина од 4.118 метри, околу 210 километри од брегот на Калифорнија.

Груткастата риба-полжав, која привлече најголемо внимание од јавноста, била забележан со помош на подморница со далечинско управување на длабочина од 3.268 метри во кањонот Монтереј.